Марсело со емотивна порака се збогуваше со својот пријател и соиграч Кристиано Роналдо, кој од следната сезона ќе настапува за Јуевнтус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот напиша дека воопшто не верувал дека ќе дојде тој ден да се збогува од него и му се заблагодари на Роналдо за прекрасните моменти поминати заедно.
„Кој би помислил, Крис! Време е да ти кажам збогум… Ти се колнам, никогаш не помислував дека ќе дојде овој ден, но ништо не е вечно во животот и се надевам дека ќе бидеш многу среќен во новата авантура. Поминавме речиси 10 години заедно, 10 години исполнети со среќа, добар фудбал, победи, порази и прекрасни моменти. Научив многу од тебе, твојата посветеност е најчудната работа што сум ја видел кај некоја атлета. Ти посакувам се најдобро тебе и на твоето семејство“.
„Ќе ми недостасуваат разговорите пред натпреварите кога точно го прогнозираше резултатот и смиреноста која ни ја даваше пред финалињата со твоето искуство и поддршка. Горд сум што играв со тебе, но не поради тоа што си најдобриот фудбалер во светот, туку поради личноста која си. Кога ќе се пензионирам, ќе седнам на пиво и ќе ги раскажам нашите приказни и ќе ги споделам нашите фотографии. Засекогаш искрен М12“, напиша Марсело.