Дома Фудбал Маријано Дијаз: Се надевам дека за брзо повторно ќе бидам со тимот

Маријано Дијаз: Се надевам дека за брзо повторно ќе бидам со тимот

Реал Мадрид денес потврди дека после извршените тестови Маријано Дијаз бил позитивен на Ковид 19.

Играчот веднаш е ставен во изолација во својот дом, а Маријано се огледи и потврди дека нема симптоми и се чувствува добро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради задолжителниот карантин напаѓачот нема да биде дел од тимот за реванш осминафиналето од Лигата на шампиони против Манчестер Сити на 7 август.

„Благодарам многу за пораките и поддршката. Се чувствувам одлично, а и моето семејство е добро. Моментално сум во карантин во својот дом. Се надевам наскоро ќе се вратам во нормалниот живот и повторно ќе бидам со тимот“, порача Маријано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао по свирежите од навивачите на Милан се огласи со порака на социјалните мрежи

Рафаел Леао во вчерашниот натпревар на Милан против Џенова доби свирежи од трибините од де…