Дома Фудбал Останато Марадона: Ние Аргентинците сме горди на Меси, но Роналдо е животно

Марадона: Ние Аргентинците сме горди на Меси, но Роналдо е животно

maradona

Кристиано Роналдо вчера против Атлетико Мадрид во рамките од Лигата на шампионите одигра фантастичен натпревар и со хет-трик обезбеди победа за Јувентус од 3:0.

Роналдо со вчерашните три гола стана првиот фудбалер кој стигнал до бројката од 125 погодоци во најелитното европско натпреварување, а исто така постигна оствари и учинок од 25 постигнати голови против „јорганџиите“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалецот со вчерашниот настап ги импресионираше сите љубители на фудбалот, а се јави и легендарниот Диего Армандо Марадона.
Легендарниот Аргентинец го спореди Роналдо со неговиот сонародник Лионел Меси.

„Двајцата играат како да имаат волшебно стапче. Ние Аргентинците сме горди на Меси, но Роналдо е животно. Тој е моќен, а во исто време е и волшебник. Пред натпреварот кажа дека ќе даде три гола и сите видовме дека тоа и го направи“, изјави Марадона.

Секако, после ваков настап и самиот Роналдо беше задоволен од она што го прикажа.

„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат. „Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, гласеше изјавата на Португалецот после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…