Дома Фудбал Останато Марадона го напушти клубот поради здравствени причини!

Марадона го напушти клубот поради здравствени причини!

Легендарниот Аргентинец Диего Марадона ја напушти тренерската позиција на мексиканскиот Дорадос поради здравствени причини, соопштија тамошните медиуми.

Аргентинецот на почетокот на сезоната седна на клупата на Дорадос, а со второлигашот стигна до баражот за пласман во елитното мексиканско натпреварување, каде беше поразен од Атлетико Сан Луис.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Според лекарски совет, ќе одвоиме потребно време за одржување на здравјето. Тој ќе претрпи две операции, на коленото и во рамото. Благодариме на Дорадос и ќе го продолжиме овој сон друг пат, изјави неговиот адвокат Матијас Морли.

Заедно го изненадивме светот. Покажавме страст кон фудбалот и големо срце. Ви благодариме за се, ќе се видиме наскоро“, порачаа од Дорадос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус плати 46 милиони евра за играч кого мора итно да го продаде!

Како што пренесува Фабрицио Романо, Јувентус според договорот мора да го откупи договорот …