Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед сака да го врати Ван Дер Сар на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед сака да го врати Ван Дер Сар на „Олд Трафорд“

Медиумите на Островот пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да го врати Едвин Ван Дер Сар во клубот и тоа како директор за фудбалски операции.

Информациите говорат дека луѓето на Јунајтед го контактирале Ван Дер Сар кој во овој момент ја извршува функцијата спортски директор во Ајакс. Англискиот гигант започна ново поглавје оваа сезона, а токму од Ајакс пристигнаа одличните Ентони и Лисандро Мартинез.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ван Дер Сар во последните години одлично работи во Ајакс, но треба да се знае и дека е клупска легенда на Манчестер Јунајтед. Засега не е познат ставот на Ван Дер Сар за понудата од неговиот поранешен клуб.

За Манчестер Јунајтед сигурно нема да биде лесно да го доведе затоа што неговиот договор со Ајакс има важност до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Елмас го напушта Торино, но ќе остане во Италија – ќе игра за друг гигант!?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас повторно се најде во фокусот на европски…