Дефанзивецот на Рома, Костас Манолас бил понуден на Реал Мадрид од стана на неговиот агент, пренесе доброинформираната „Марка“.
Грчкиот репрезентативец игра одлично во дресот на „волчицата“ и многу европски гиганти го сакаат во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека агентот на Манолас се сретнал со преставници на „кралскиот“ клуб и му го понудил дефанзивецот.
Европскиот шампион во моментов смета дека не е добро да привлекува дефанзивци од Серија А кои се навикнати на тактички стил на игра, кој е многу поразличен од стилот во Примера.
Од друга страна „кралевите“ имаат потреба од еден врвен дефанзивец кој ќе биде алтенратива за Рамос и Варан, па се уште не дале дефинитивен одговор.
Манолас оваа сезона одигра 39 меча за Рома во сите натпреварувања и постигна 4 гола, меѓу кои и клучниот против Барса во четвртфиналето од ЛШ.