Дома Македонски спорт Македонија У17 утре игра против против Србија: Наша желба е пласман на Европското првенство

Македонија У17 утре игра против против Србија: Наша желба е пласман на Европското првенство

Македонската репрезентација до 17 години предводена од селекторот Тони Јакимовски денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” се подготвуваше за утрешниот натпревар против Србија во рамки на контролниот турнир што се одржува во Скопје.

Нашите млади фудбалери во воведното коло од турнирот славеа победа со 2:1 против Кипар. Марко Стојилевски и Зани Назифи беа стрелци на головите. 


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Даниел Марковски, фудбалерот на Хелсинборг и член на младата репрезентација на Македонија е задоволен од прикажаната игра против Кипар.

– „Одигравме одличен натпревар против Кипар, но секогаш има простор за напредок, секогаш може подобро. На теренот делувавме одлично како колеткив, бевме подобра екипа, сосема заслужено остваривме победа. Утре играме против Србија, репрезентација која има голем квалитет, очекувам тешка средба со многу борба и отворена игра. Се надевам дека ќе оствариме нова победа“.

Капитенот Марко Ѓорѓиев вели дека оваа репрезентација на Македонија посакува учество на Европско првенство.

– „Нашата желба и цел е да обезбедиме учество на Европско првенство. Играме долго време заедно и одлично се познаваме. Овој контролен турнир претставува подготовка за она што не очекува во октомври, а тоа се квалификациите за пласман во елитната фаза. Одигравме добар натпревар со Кипар, се надевам дека повторно ќе бидеме на посакуваното ниво и на утрешниот дуел со Србија“.

Нашите фудбалери во октомври ги очекуваат квалификации за пласман во елитната фаза за Европско првенство. Во нашата група се Република Ирска, Полска и Андора.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…