Подмладената ракометна репрезентација уште еднаш немаше проблеми да го совлада Чиле , денеска избраниците на Данило Брестовац славеа со 28:24.
Без Кире Лазаров и Стојанче Стоилов нашата репрезентација рутински го совлада Чиле, кој беше рамноправен само во првите десетина минути.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Потоа Македонија наметна ритам и почна да игра подобро, па на полувреме заминавме со 16:12.
Чиле почна добро во вториот дел и намали до еден гол разлика, но Македонија искусно го чуваше водството и на крај победи со 28:24.
Брестовац им даде шанса на сите ракометари, најефикасни во нашиот табор беа Кузмановски со четири, Талески, Поповски и Пешевски постигнаа по идентични три гола.
Фото: РФМ