Вечерва се одигра последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Најголемо внимание секако привлекуваше дуелот помеѓу Ливерпул и Наполи, тимови кои во директен дуел одлучуваа кој ќе оди во нокаут фазата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот поуспешен беше англискиот претставник кој славеше победа со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мохамед Салах во првото полувреме од натпреварот.
SALAH what a goal
— . (@MbappeTweets) December 11, 2018
Црвена Звезда на домашен терен претрпе пораз од 1:4 од Пари Сен Жермен. Погодоците за францускиот гигант ги постигнаа Едисон Кавани, Нејмар, Маркињос и Мбапе. Стрелец на почесниот гол за Звезда беше Гобејљиќ.
Вечерва интересно беше и во групата Б каде што за продолжување на настапите во Лигата на шампионите се бореа Интер и Тотенхем, но на одделни терени, на крајот се радуваа Англичаните.
Барселона иако настапи во комбиниран состав стигна до предност од 1:0 против Тотенхем уште во седмата минута преку Дембеле. Голот кој донесе голема радост за „петлите“ го постигна Лукас во 85-тата минута.
Dembele just finished off Spurs defenders career.
What a goal? pic.twitter.com/kBfR3V9hJZ
— BarcaMedia (@BarcaTimesTape) December 11, 2018
GOOOOOOOOOOAL LUCAS ??
Via our main account @goalstv3 #BarçaSpurs
— goals (@goals66648712) December 11, 2018
Со истиот резултат заврши и средбата помеѓу Интер и ПСВ, па иако „нероаѕурите“ имаат ист број на бодови со Тотенхем во нокаут фазата одат Англичаните.
#PSV goal #InterPSV pic.twitter.com/6OrwOP6CKX
— FC INTER MILANO 96★ (@FCinter1996) December 11, 2018
Icardi doing what he does ⚽ pic.twitter.com/jW8OiMGndT
— Peña_Cartel (@Pena_Cartel) December 11, 2018
Во останатите натпревари Дортмунд со 0:2 беше подобар, додека Клуб Бриж и Атлетико одиграа 0:0.