Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку беше прогласен за најдобар фудбалер во Лига Европа, за минатата сезона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неговиот Интер загуби во финалето од Севиља, но впечатокот е дека Лукаку заслужено ја добива оваа награда.
Тој победи во изборот пред Евер Банега од Севиља и Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.
„Прво би се заблагодарил на Бог што ме стави во позиција да играм за тим кој го сакав како дете. Честитки до Севиља, тие го освоија трофејот. Би се заблагодарил на мајка ми, брат ми, агентот, цела моја нација. Би му се заблагодарил на Конте, стручниот штаб и сите останати во тимот кои веруваа во мене сезонава. Но, најмногу би сакал да се заблагодарам на соиграчите кои ми беа како семејство од првиот ден“, истакна Лукаку.