Дома Трансфер зона Лукаку нема да замине, се бори за место во тимот

Лукаку нема да замине, се бори за место во тимот

Интервјуто кое го даде Ромелу Лукаку во кое го критикуваше Челзи и Томас Тухел резултираше со казна за Белгиецот. Напаѓачот не беше во составот за дербито со Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веднаш почна да се најавува и заминување на Лукаку од „Стенфорд Бриџ“, како опции се споменуваа Интер и Тотенхем, сепак како што тврди познатиот новинар Фабрицио Романо, Лукаку нема да си замине.

Според информациите на италијанскиот инсајдер бордот на директори на Челзи застанал зад Тухел и го поддржал во одлуката да го изостави од составот, меѓутоа никој не размислувал за трансфер.

Лукаку како што се наведува продолжил напорно да тренира и има желба да се наметне во тимот за натпреварот со Спарс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…