Дома Фудбал Англија Лукаку: Бев тука како дете, сега се враќам со големо искуство

Лукаку: Бев тука како дете, сега се враќам со големо искуство

Ромелу Лукаку денес и официјално се врати во Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи беше клубот кој го доведе Лукаку од Андерлехт како момче, но тогаш не доби вистинска шанса, па патот го однесе во ВБА, Евертон, Манчестер Јунајтед и Интер од каде што сега се враќа како големо име во европскиот фудбал.

За неговиот трансфер Челзи сега плати 115 милиони евра.

„Среќен сум што се враќам во овој прекрасен клуб. Поминав низ долго патување, дојдов тука како дете кое требаше да учи, сега се враќам со големо искуство. Односот со клубот ми значи премногу. Од дете навивам за Челзи и сега ќе се обидам да помогнам заедно да победуваме. Се враќам со освоена титула во Серија А и мислам дека беше вистинско време за вакво нешто“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…