Дома Фудбал Англија Лондонското дерби донесе пет гола и победа на Мурињо! (ВИДЕО)

Лондонското дерби донесе пет гола и победа на Мурињо! (ВИДЕО)

Денес Мурињо дебитираше како тренер на Тотенхем и тоа го направи со триумф на гостувањето кај Вест Хем.

Тотенхем денес беше подобар противник и заслужено ги однесе трите бода. До предност „петлите“ стигнаа во 36-тата минута преку Сон Хеунг Мин, а само седум минути подоцна Лукас зголеми на 0:2.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во ист ритам избраниците на Мурињо тргнаа и во второто полувреме. Хари Кејн во 49-тата погодува за веќе убедливи 0:3.

Вест Хем со голот на Антонио Мајкл на дваесетина минути до крајот покажа дека нема да се предаде така лесно. Домаќините стигнаа и до втор гол, меѓутоа дури во 96-тата минута за конечни 2:3. Пред погодокот на Огбона во последните минути на Вест Хем му беше поништен еден гол поради офсајд.

Пред овој натпревар Тотенхем беше во серија од неколку натпревари без победа, очигледно Мурињо донел свежина во таборот на клубот од Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Што ќе биде со најпознатиот навивач на Јунајтед кога „црвените ѓаволи“ ќе врзат пет победи во низа? (Видео)

Неверојатно познатиот навивач на Манчестер Јунајтед, Франк Илет, откри дека има планови да…