Дома Македонски спорт Мак фудбал Ливаковиќ до Адеми: Брате, ако не разбираш што зборуваат таму, врати се назад!

Ливаковиќ до Адеми: Брате, ако не разбираш што зборуваат таму, врати се назад!

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Динамо Загреб од каде што си заминува по 373 одиграни натпревари.

Адеми во Динамо помина 13 години во кои стана најтрофеен играч во историјата на клубот, играч со најмногу европски натпревар и втор по вкупниот број одиграни натпревари. Вчера навивачите го испратија со спектакуларна кореографија, а пораки по дуелот со Ријека кој го одлучи голот на Стефан Ристовски испраќаа и неговите соиграчи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Помеѓу испратените пораки се истакна онаа на голманот Доминик Ливаковиќ.

„Капетане, тежок натпревар е зад нас. Емоциите се силни, но кога ќе ја видиме кореографијата уште еднаш станува јасно колку значиш на соиграчите и сите навивачи. Заедно ја делевме соблекувалната и постигнувавме историски резултати. Беше наш лидер и биди горд и исполнет после се, затоа што си најголем, затоа што си Динамо!“

„И брате, ако не ги разбираш таму што зборуваат, врати се назад. Знаеш дека вратите на клубот никогаш не се затворено. Среќно пријателе и благодарам за се! Секогаш ќе имаш посебно место во срцето на навивачите, како и во моето, твојот најголем навивач“, гласи пораката на голманот кој блесакше на голот на Хрватска на Мундијалот во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…