Дома Фудбал Останато Легендарниот голман Рушту во критична состојба, се бори за живот

Легендарниот голман Рушту во критична состојба, се бори за живот

Легендарниот турски голман  Рушту Реџбер е заразен со коронавирус, но неговата здравствена состојба нагло се влошила, па моментално се бори за живот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рушту беше пренесен во болница пред два дена, а неговата состојба се влоши.

„Сите сме шокирани од тоа колку брзо се развиваат симптомите на коронавирус“, рече неговата сопруга Исил Реџбер која е во голем шок бидејќи е обвинета дека го заразила сопругот.

Поточно, медиумите во Турција известуваат дека таа неодамна се врати од Соединетите Американски Држави и не ја почитуваше 14-дневната изолација. Веднаш отишла во нејзиниот салон за убавина и покрај Рушту заразила уште многу.

„Навистина не ми е грижа за овој линч против мене. Најважно е сега Рушту да се опорави“, рече сопругата на легендарниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразил и Мароко се пласираа во нокаут-фазата на Светското првенство

Во последните натпревари од групата Ц на Светското првенство, Бразил убедливо ја совлада Ш…