Дома Фудбал Лапорта: Страв ми е дека Меси ќе замине

Лапорта: Страв ми е дека Меси ќе замине

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта стравува дека капитенот Лионел Меси може да го напушти тимот.

Договорот на Меси истекува следното лето, а двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик за негово продолжување, па поради тоа се почести се шпекулациите за заминување на Меси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сакам тој да остане и после 2021 година, но се плашам дека погрешната одлука на раководството може да доведе до неповратни последици. Ова не е БарсаГејт, ова е БартоГејт“, изјави Лапорта алудирајќи на аферата што го потресе клубот со наводно плаќање луѓе со цел да бидат оцрнети поранешни и сегашни членови на каталонскиот клуб.

Лапорта е загрижен дека управувањето на Жосеп Марија Бартомеу го ризикува статусот на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата на Ливерпул се расплака како мало дете: Немам плачено со години…

Ливерпул вчера во последното коло од Премиер лигата играше против Вулвс, но резултатот од …