Eден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Џуд Белингам ќе ги пропушти следните два натпревари на својот клуб во шпанскиот шампионат.
Ла Лига ја одби жалбата на Реал Мадрид откако англискиот репрезентативец беше исклучен поради приговор во ремито против Валенсија на „Местаља“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Белингам тогаш постигна гол за 2:3, но судијата Хесус Хил Манзано означи крај на натпреварот само некоја секунда претходно.
Следеа жестоки протести, а наводно во протестите офанзивниот играч за врска и го навредил арбитрот, па заслужено добил црвен картон.