Дома Фудбал Франција Л’Eкип со комично видео го исмејува Рамос 🎥

Л’Eкип со комично видео го исмејува Рамос 🎥

Познатиот француски весник, „Л’Eкип“ комично го исмеа Серхио Рамос кој се уште не дебитирал за ПСЖ откако летово пристигна од Реал Мадрид.

Рамос дојде како големо засилување, меѓутоа никако да ги реши проблемите со повредата, цело време се најавува дебито, но никако да се случи. Во последно време се појавија и шпекулации дека може да си замине без да дебитира.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Во ПСЖ и во клупските ходници може да се види сиулета што зборува шпански“, зборува соговорникот во видеото насловено „Мистеријата Рамос“.

Низ видеото авторот разговара со неколку соговорници кои објаснуваат необични појави со Рамос, на крајот со посебни реквизите се обидуваат да го повикаат духот на Шпанцот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…