Дома Фудбал Останато Купот на Африка ќе се игра според планот

Купот на Африка ќе се игра според планот

Планираниот Куп на Африка оваа зима ќе се одигра според планот, потврди претседателот на Африканската фудбалска федерација, Патрис Мотсепе.

Африканскиот Куп на нации ќе се одржи во Камерун од 9 јануари до 6 февруари, но поради зголемиот број на заразени со новиот сој Омикрон, турнирот беше под знак прашалник.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Европските клубови не сакаа да ги пуштат своите фудбалери бидејќи откако ќе се вратат од Африка ќе треба да бидат 10 дена во карантин.

Меѓутоа, африканските фудбалски власти се истрајни во намерата и тврдат дека турнирот ќе се организира со специјални протоколи и дека ќе успеат да се справат со ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Париз ФК преговара со Един Џеко

Париз ФК преговара со босанскиот ветеран Един Џеко, пишува весникот “Екип”. Де…