Дома Фудбал Останато Кулибали стави крај на сите шпекулации во врска со неговото заминување од Наполи

Кулибали стави крај на сите шпекулации во врска со неговото заминување од Наполи

kulibaly

Сенегалскиот репрезентативец, Калиду Кулибали, за кого Наполи бара околу 100 милиони евра, изгледа дека нема да го напушти клубот.

Кулибали се смета за еден од најдобрите стопери во светот, а веќе беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, кој според Де Лаурентис, нудел околу 95 милиони евра. Тој изјави дека му е мило поради понудата, но дека нема намера се уште да го напушти Наполи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секогаш се обидувам да напредувам. Тоа е мојот фокус откако дојдов тука. За сега ми оди добро и сакам да продолжам така. Кога играте добро се разбира дека секогаш има понуди, и мило ми е, но фокусиран сум само на Наполи“, изјави Кулибали.

Сенегалецот наводно имал понуда од Манчестер Јунајтед, а следното лето понуда за него освен Јунајтед подготвиле и Челзи и Арсенал. Овој одличен дефанзивец запиша 191 настап за Наполи во кој во 2014. година пристигна од Генк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како професионалец одигра 432 минути. Челзи подготвува понуда од 55 милиони евра

ЕСТЕВАО ВИЛИАН, 17-годишното десно крило на Палмеирас, е новото чудо од дете во Бразил и в…