Дома Фудбал Останато Крај на бајката: Сирија падна на продолженија и нема да оди на СП (видео)

Крај на бајката: Сирија падна на продолженија и нема да оди на СП (видео)

Репрезентацијата на Австралија се пласираше во завршниот азиски бараж за пласман на Светското првенство, отакако после продолженија ја победи Сирија со 2:1.

Во првиот натпревар резултатот беше 1:1, но сите веруваа дека Австралија лесно ќе ја совлада Сирија на домашен терен. Меѓутоа Сирија одлично го започна натпреварот и веќе во 7-та минута ги шокира домаќините со голот на Ал Сома.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Неколку минути подоцна Австралија изедначи преку Тим Кејхил на 1:1, па иако „кенгурите“ имаа комплетна иницијатива остана тој резултат и после 90 минути.

Натпреварот замина во продолженија и кога сите очекуваа изведување на пенали искусниот Кејхил постигна гол за 2:1 и ја елиминира Сирија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе неизвесен за „Ел класико“ во финалето на шпанскиот Куп

Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе, поради повреда на скочниот зглоб на десната нога ќе го …