Промоцијата на Лионел Меси во Интер Мајами предизвика големо внимание ширум светот, а посебно во МЛС лигата каде што навивачите се возбудени што ќе го гледаат Аргентинецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси на претставувањето се појави во придружба на семејството, а тука беа и челните луѓе на Интер Мајами, вклучувајќи го и Дејвид Бекам. Посебно внимание привлече русокосата Кејлин Кајл која го „украде шоуто“ во текот на церемонијата.
Во прашање е поранешна канадска фудбалерка која во овој момент работи како новинарка на Интер Мајами, судејќи по фотографиите и снимките, оставила впечаток кај Меси.
Кајлин има 40 години, а во 2012 година со репрезентацијата на Канада освои злато на Олимписките игри. Во брак е со поранешниот фудбалер, Харис Хитон со кого има две деца.