Дома Македонски спорт Која е причината поради која Роналдо ќе биде гостин во Скопје?

Која е причината поради која Роналдо ќе биде гостин во Скопје?

ronaldo

Од вчера наваму главна тема помеѓу љубителите на фудбалот во нашата земја е најавата за доаѓањето на Кристиано Роналдо во Скопје.

Првиот човек на ФОН универзитетот Сафер Цаноски со фотографија на неговиот Фејсбук профил најави доаѓање на португалската ѕвезда.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


И секако веднаш помеѓу фановите се постави прашањето од која цел ќе биде посетата на Роналдо на ФОН.

Да. пред се тука е маркетингот. Цел свет со големо внимание го следи Роналдо и нема соменвање дека така ќе биде и кога ќе го посетува ФОН.

Познат е карактерот и работните навики кои ги има Роналдо, токму и поради во 34-тата година од животот е таков каков што е. Ќе потсетиме, неодамна на испитување на неговите физички предиспозици беше откриено дека неговото тело се однесува како да има 20 години помалку.

Поради ова Роналдо е пример и идол на милиони луѓе ширум светот, па не е исклучена можноста тој на ФОН да одржи предавање и мотивационен говор од неколку часа.

Датумот на пристигнувањето на Роналдо се уште не е откриен. Како и да е ова не се потврдени информации, но веројатноста е голема. Останува да почекаме…

Aко најавите на Цаноски се остварат ова ќе биде трет пат Роналдо да ја посети Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Невеорјатно: Фоден повеќе додавал со Пикфорд отколку со Кејн

Репрезентацијата на Англија влезе како еден од фаворитите на ова Европско првенство, но иа…