Дома Луд Спорт Кој е повеќе платен, Роналдо или Меси?

Кој е повеќе платен, Роналдо или Меси?

ronaldo messi

Англискиот весник „Дејли Мејл“ ги истражуваше договорите на двата во овој момент најдобри фудбалери во светот.

Сите се прашуваат колку најдобрите фудбалери во светот, Кристиано Роналдо и Лео Меси, заработуваат од договорите кои ги имаат од спонзорите и клубовите.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Дејли Мејл“ правеше истражување на таа тема, еве какви се резултатите.

Кога во прашање се неделните плати, тука Меси ќе биде подобар кога ќе потпише нов договор. Аргентинецот ќе добива околу 577.000 неделно, додека Роналдо ќе добива 455.000 неделно. Договорот на Роналдо има важност до 2021 година, додека новиот договор на Аргентинецот би имал важност до 2022 година, па тука нема никакви дилеми кој повеќе би заработил.

Откупната клазула на Роналдо изнесува една милијарда, додека на Меси само 400.000 евра.

Да не ги заборавиме бонусите, Роналдо оваа сезона освои 1.5 милиони евра за освојувањето на Лигата на шампионите и првенството, додека сумата на Меси е далеку помала, но би можел да освои 15 милиони евра според договорот доколку наредната сезона ја освои Лигата на шампионите, Златната топка и првенството.

Кога во прашање се спонзорските договори, тука Роналдо е пред Меси. Од договорот со „Најк“ заработува околу 24 милиони евра годишно, додека договорот на Меси со „Адидас“ вреди околу 10 милиони евра.

Значи, Роналдо заработи нешто повеќе, според листата на „Форбс“ тој е најплатениот спортист на светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…