Конор Мегрегор се пофали со својот нов изглед и од фотографијата можеше да е забележи дека Ирецот сериозно го сфаќа мечот со Доналд Серон на 18. Јануари.
Борбата помеѓу Конор и Серон ќе се одржи во велтер категорија до 77 килограми.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Мекгрегор не се борел уште од 2018 кога беше поразен од Кабиб Нурмагомедов, но според изгледот можеме да заклучиме дека е спремен.
И тренерот на Ирецот неодамна потврди дека Конор е во супер форма.
„Искрено ви кажувам, ова е најдобриот Конор кој сум го видел. До пред шест месеци не можев да замислам дека ќе биде во ваква форма. Противничката екипа ќе има проблем и мило ми е“, изјави Џон Каванаг.
