Манчестер Сити синоќа на Етихад успеа да го совлада Лестер со минимален резултат 1:0.
Екипата на Лестер долго пружаше отпор на Граѓаните кои напаѓаа со сите сили на голот на гостите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шансите се редеа една за друга, но топката не сакаше да влезе во голот и кај навивачите на Сити веќе имаше загрижени изрази на лицата.
Сепак, капитенот на Сити, Винсент Компани во 70. минута го постигна голот на кариерата и ја донесе својата екипа во предност, а на крајот овој гол беше вреден победа, а многу веројатно и вреден титула.
Сепак, само две минути после постигнатиот погодок малку недостасуваше Компани од јунак да стане трагичар на Сити откако Ѓундоган ја додаде топката на него, а капитенот на Сити се клизна и изгледаше дека играчот на Лестер ќе се најде во шанса за гол.
За среќа на навивачите на Граѓаните, Компани на време успеа да се подигне од теренот и да дојде до топката, а со тоа спречи и стопроцентна шанса за гостите.