Дома Фудбал Останато Кога ќе те пофали Ибрахимовиќ значи навистина вредиш

Кога ќе те пофали Ибрахимовиќ значи навистина вредиш

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја обележа изминатата година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако што освои Лига на Шампиони, стигна и до финалето на Мундијалот со Хрватска, па според многумина заслужено ја освои најголемата индивидуална награда кога беше прогласен за најдобар фудбалер во светот. Со тоа се согалсува и Златан Ибрахимовиќ.

„Среќен сум што Модриќ ја освои титулата најдобар во светот, на Мундијалот и сите тие работи. Ретко можеш да видиш дека таков играч добива пофалби какви што и му припаѓаат“, изјави Ибра.

Се разбира, Швеѓанецот не можеше, а да не потсети дека е „иста крв“ како и Модриќ.

„Мојата мајка е од Хрватска, Модриќ е Хрват, така да среќен сум поради него, бидејќи очигледно тоа ни е во крвта“, додаде Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ретко го гледаме во вакво издание: Погледнете како Меси вежба во теретана на 39 години (Видео)

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, не е познат по тоа што многу ч…