Дома Македонски спорт Мак фудбал Ковачиќ со порака го расплака Адеми 🎥

Ковачиќ со порака го расплака Адеми 🎥

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, го одигра последниот меч за Динамо Загреб и кариерата ќе ја продолжи во Кина.

Хрватскиот гигант во голем стил се прости од Аријан Адеми кој по 13 години ги напушти „модрите“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Динамо објави специјално видео посветено на својата легенда, посебно емотивни беа и пораките на неговите поранешни колеги од клубот, како што беше пораката на Матео Ковачиќ.

„Аки, брате мој, драго ми е што бев мал дел од твојата величенствена кариера во Динамо и што можам да те наречам пријател. Знам колку ти е грижа за Динамо и дека нема да ти е лесно да го напуштиш. Покажа како треба да изгледа капитен на Динамо, секогаш борбен и секогаш ја имаше страста. Ти благодарам што на младите им покажа каков треба да се биде на терен и надвор од него и се надевам наскоро ќе се видиме“, му се обрати Ковачиќ и Адеми не можеше да ги скрие солзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…