Tренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач не сакаше да го споредува својот тим со Ливерпул бидејќи има поинаков тип на играчи.
Двата тима го победија Тотенхем во изминатиот период. Баерн против „петлите“ во Лигата на шампионите славеше со 7:2, додека Ливерпул оствари триумф од 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На конференцијата за медиуми Ковач беше запрашан да го спореди својот тим со шампионот на Европа.
„Мораме да се прилагодиме на она што го имаме, ние имаме поинаков тип на играчи. Не можете да возите 200 километри на час ако вашиот автомобил оди најмногу до 100 километри на час. Затоа мораме да се прилагодиме на она што го имаме“, изјави Ковач.
Баерн во овој момент е второпласиран во Бундес лигата со бод помалку од Борусија Менхенгладбах.