Клубовите од Чемпионшип сакаат поголем процент за ТВ правата од новиот договор кој ќе стапи на сила од следната сезона.
15 клубови од второто по ранг натпреварување во Англија помеѓу кои се Лидс, Астон Вила и Дерби Каунти се во судир со англиската лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубовите од пониските лиги како што се Лига 1 и Лига 2 истакнаа поддршка на договорот со „Скај“, но клубовите кои се еден ранг под најелитното првенство е против истиот.
Причината поради која се разочарани се поради тоа што секој клуб ќе доби 2.95 милиони фунти, сума за која сметаат дека прениска. Споментатите 15 клубови бараат барем двојно повеќе.
Како и да е нивниот рокот да го кажат нивниот став истекува на крајот на наредната недела, но според информациите од Островот тешко дека истиот ќе биде променет.
Ќе потсетиме во Чемпионшип за Лидс настапува и нашиот Алиоски.