Ливерпул е фаворит за потписот на Николо Барела, тврдат италијанските медиуми.
21-годишниот играч за врска на Каљари важи за еден од најголемите таленти во Италија и за него силен интерес покажуваат миланските гиганти, но Ливерпул е спремен да понуди 50 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барела блеска во дресот на Каљари и неодамна дебитираше за италијанската репрезентација, а во Италија веќе го доби епитетот „новиот Наинголан“.
Се очекува трите клуба да водат сериозна битка за неговиот потпис, но според извештаите Ливерпул во моментов е во пол-позиција. Барела веќе има запишано 73 настапи во Серија А на кои постигна 7 гола.