Mногу повеќе нервозен отколку еден ден претходно, тренерот на Јирген Клоп се појави на конференцијата за медиуми после натпреварот против Црвена Звезда.
Како и да не биде кога неговиот Ливерпул доживеа неочекуван пораз од Црвена Звезда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Беше тешко. Атмосферата беше неверојатна. Стариџ промаши одлична шанса на почетокот на натпреварот и од тој момент се тргна во надолна линија за нас. Тие подоцна постигнаа два гола и се изгледаше лошо. Се обидов да променам нешто во второто полувреме. Имавме неколку прилики, но не постигнавме гол. Иако бевме доминантни во тие моменти. Морам да и честитам на Звезда на победата и трите бода“.
„Ова беше добра фудбалска атмосфера, можеше да се игра. Не разбрав што пеат, но беше гласно. Тие беа во позитивно расположение. Посебно после вториот гол. Тоа го почуствуваме на патот до соблекувалната, до која патот е и тоа како долг“, изјави Клоп.
https://youtu.be/9CzGOm3iN7U