
На сите им е јасно дека Родри наскоро ќе го напушти Етихад, а како стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Тој е голема желба на Флорентино Перез, за што се зборува многу во последно време и се очекува трансферот да биде завршен ова лето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веќе е донесена одлука кој го сака Пеп Гвардиола во Манчестер Сити на местото на Родри. Станува збор за ѕвездата на Баерн од Минхен, Александар Павловиќ.
Во Баерн се свесни за интересот што постои за нивната ѕвезда, но се надеваат дека тој ќе го одбие овој трансфер.
Под водство на Винсент Компани, Павловиќ го покажа сиот свој талент во играњето на средината на теренот.
Не е чудо што е на радарот на неколку гиганти како Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед, но Пеп Гвардиола е подготвен да го направи првиот чекор.