Денес е голем ден за македонскиот ракомет, Кире Лазаров на своето деби како селектор-играч ја покори големата Данска.
Данска во Скопје допатува во силен состав предводен од Микел Хансен, но денес Македонија играше како светски шампион! Само и така може да се победи репрезентација која е светски шампион во последните две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тешко дека во македонската јавност се очекуваше ваков подвиг, посебно не после првенството во Египет кое беше за заборав. Со Кире сите верувавме во подобра Македонија, но никој не се осудуваше да каже дека големата Данска може да падне во Скопје.
Денес видовме една нова Македонија, иако имаше краток период капитенот, селекторот, голгетерот, лидерот и што ли уште не во нашата репрезентација направил огромни промени.
Видовме машка игра, момците играа храбро го поправија токму за она за што најмногу беа критикувани во Египет – храброста! Јавноста замеруваше дека Македонија губи без да се бори. Денес видовме борба десет пати поголема од онаа пред некој месец, а може и повеќе тоа. Затоа и има резултат!
Кире секако беше легенда, а од денес најавува и дека Македонија фантастично ќе ја води од клупата.
Сега на одмор и да се спремиме за вториот дуел со Данска во недела – ако одиграме како денес нема од што да им се плашиме!
Пишува: Стефан Даскалов