Дома Фудбал Карагер: Укинете го ВАР, ова е срамота

Карагер: Укинете го ВАР, ова е срамота

Манчестер Јунајтед загуби со 4-3 во луд натпревар против Копенхаген во средата вечерта во Лигата на шампионите.

Манчестер поведе со 0:2, но на крајот не успеа да дојде до бод. Играчот на англискиот тим Маркус Рашфорд доби црвен картон во 42. минута. Одлуката е донесена по прегледувањето на снимката со помош на ВАР.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поранешниот играч на Ливерпул, а сега стручен ко-коментатор Џејми Карагер напиша на Твитер за време на тој натпревар: „Дојде време да се укине ВАР. Ова е срамота“.

„Нема шанси Рашфорд да заслужи црвен картон. Ги мразам овие бавни движења каде сè изгледа десет пати полошо отколку што навистина беше“, додаде Карагер во својата остра критика за ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…