Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совладаа Пари Сен Жермен со минимални 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
На натпреварот како стручен коментатор за „CBS Sports“ присуствуваше и легендарниот фудбалер на Ливерпул Џејми Карагер, кој дел од натпреварот го мина и на познатиот „Жолт ѕид“, трибината со најжестоките навивачи на „милионерите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Карагер по натпреварот ги интервјуираше фудбалерите за споменатата телевизија, а во таа ситуација призна дека испил осум пива. По неговиот говор на телото и можеше да се забележи дека е во алкохолизирана состојба.
„Земав чизбургер околу еден ипол кога стигнав во хотелот. Тоа што ми се „врзува јазикот“ може да се објасни со осумте пива кои ги испив на „Жолтиот ѕид“, имам нови пријатели и семејство“, зборуваше Карагер со насмевка на лицето.
Поранешните фудбалери Тиери Анри, Алесандро Дел Пјеро и Мика Ричардс не можеа да се воздржат во студиото на „CBS“ и прснаа од смеење. Во разговорот со Санчо Карагер и го повика фудбалерот на Борусија да прослават заедно ако стигнат до финалето
„Ако стигнете до финалето, може ли да испиеме неколку пива заедно?“, на тоа Санчо одговори дека не пие.