Дома Фудбал Италија Капитенот на Милан прифати помала плата, става потпис на нов договор

Капитенот на Милан прифати помала плата, става потпис на нов договор

Раководството на Милан во наредните денови ќе има средба со агентот Мино Раиола, за да го формализираат новиот договор на Алесио Ромањоли.

Ромањоли влезе во последната година од договорот, а преговорите за негово продолжување беа прекинати од поодамна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако се очекуваше дефанзивецот сигурно да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, сепак двете страни сакаат да продолжат заедно.

Ромањоли на средбата со Малдини му соопштил дека сака да остане на „Сан Сиро“ и ќе прифати намалување на платата.

Се очекува наскоро 26-годишниот дефанзивец да стави потпис на 4-годишен договор со кој ќе заработува 3,5 милиони евра плус бонуси по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Со трансферот на Ноа Окафор од Милан во Лидс за 18 милиони фунти, ова лето англиските клуб…