Дома Македонски спорт Калин издоминира за осминафинале во Братислава!

Калин издоминира за осминафинале во Братислава!

Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски со одлична игра се пласираше во осминафиналето на турнирот во Братислава.

Калин беше подобар од германскиот тенисер Петер Гојовчик со 2:0 во сетови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во првиот сет имаше голема борба, се играше тај-брејк, откако Калин пропушти три брејк можности. Тај-брејкот донесе подобра игра на македонскиот тенисер кој го доби со 7:3.

Вториот сет помина во доминација на Ивановски и Гојовчик освои само два гема. Мечот се играше еден час и 19 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…