Дома Фудбал Реал Мадрид размислува да го продаде Камавинга

Реал Мадрид размислува да го продаде Камавинга

Реал Мадрид би можел да го продаде Едуардо Камавинга летово доколку добие добра понуда, известува весникот “Екип”.

Мадридскиот клуб е разочаран од неспособноста на 23-годишниот играч од средниот ред целосно да го реализира својот потенцијал на стадионот “Сантијаго Бернабеу”.

Францускиот репрезентативец е во Реал Мадрид од 2021 година. Во оваа сезона има одиграно 22 натпревари во Ла Лига, каде што постигнал еден гол.

“Белите” се на второто место на табелата и заостануваат 7 поени зад лидерот Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …