Дома Фудбал Неверојатен автогол на натпреварот меѓу Престон и КПР

Неверојатен автогол на натпреварот меѓу Престон и КПР

Фудбалерите на Престон останаа без победа против КПР поради бизарен автогол на нивниот дефанзивец Тјери Смол. Престон водеше со 1:0 благодарение на погодокот на Бред Потс веднаш по почетокот на второто полувреме и беа на чекор до важните три бода, но шокантната грешка на младиот дефанзивец на крајот од натпреварот ги промени плановите.

Неверојатен автогол

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Акцијата што доведе до израмнувањето не беше премногу опасна. Поранешниот играч на Челси, Харви Вејл, упати неуспешен центаршут кон голот на Престон кој не најде ниеден од неговите соиграчи. Топката пристигна до Тјери Смол, кој само петнаесетина минути претходно влезе во игра.

Во обид да ја исфрли топката подалеку од голот, 21-годишниот дефанзивец многу несмасно ја удри и ја испрати директно во сопствената мрежа. Откако го постигна автоголот, Смол остана покрај теренот со рацете на колената, во неверување гледајќи го неочекуваното случување.

Неверојатната грешка го збуни и коментаторот на Sky Sports кој ја пренесуваше средбата. “Тјери Смол не е долго на теренот, се обидува да расчисти… Мислам дека топката го удри во потколеницата. Не можам да го објаснам ова. Се надевам дека некој во студиото може. Не разбирам што се случува, но топката заврши во неговата мрежа. Ни Тјери Смол, ни неговото семејство и пријатели нема да сакаат повторно да го гледаат ова,” рече изненадениот коментатор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…