
Александро Бастони, стоперот на Интер и човекот кој е прогласен од италијанската јавност како еден од најголемите виновници зошто Босна и Херцеговина отиде на СП а не Аѕурите, летово повеќе нема да биде член на клубот од стадионот Џузепе Меаца.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесува Мундо Депортиво, Бастони ја прифати понудата на Барселона и со нетрпение очекува да го облече дресот на каталонскиот клуб. Посебно се радува што ќе игра во ист тим со Јамал, за кого смета дека е најдобриот играч на светот моментално.
Цената на трансферот ќе биде 60 милиони евра со бонуси.
Бастони ја започна кариерата во Аталанта од каде што во 2017 година официјално премина во Интер за 31 милион евра. Остана уште една сезона во клубот од Бергамо на позајмица, по што следеше едногодишна позајмица во Парма. Таму играше феноменално, па „нероазурите“ одлучија да го вратат и да му дадат шанса која максимално ја искористи.
Оваа сезона е стандарден во тимот на Кристијан Киву, на 36 натпревари постигна два гола со шест асистенции.