Дома Фудбал Наполи го надмудри Милан

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен против Милан од 31-от круг на Серија “А”. Резервистот Матео Политано го постигна единствениот гол во 79-та минута, со што неаполитанците забележаа петта последователна победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Росонерите” пак го претрпеа вториот последователен пораз како гости по оној од Лацио со ист резултат. Така “партенопеите” се новиот главен гонител на лидерот на табелата Интер.

Кони Де Винтер не успеа да исчисти центаршут од Оливера и така му дозволи на Политано да се запише со својот удар од мал агол. Во преостанатите минути Павловиќ и влезените од клупата Сантијаго Хименес и Рафаел Леао не успеаја да го спречат поразот на миланскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напнатоста во Португалија ескалира поради Кристијано Роналдо

Напнатоста во португалската репрезентација ескалира, и се зборува за своевидна „граѓанска …