Рајан Гигс единствено знаел што ќе се случи…
Килијан Мбапе е еден од играчите кои заблескаа на СП во Русија, но овој млад француски напаѓач веќе две години со својата игра го воодушевува светот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мбапе се појави во Монако за кој дебитираше како тинејџер, а во својата прва сезона покажа дека се работи за голем талент. ПСЖ изминатото лето одлучи да плати околу 180 милиони евра за овој напаѓач бидејќи знаеја дека Мбапе вреди, и дека ќе им се исплати влогот во иднина.
Меѓутоа, малкумина знаат дека Манчестер Јунајтед имаше прилика да го донесе Мбапе пред две години и тоа за само пет милиони фунти. Тогаш Рајан Гигс ги следел Габриел Жезус и Мбапе и му порача на Јунајтед дека може да ги донесе обајцата.
„Мбапе го гледав пред светот да слушне за него и видов дека ќе биде фантастичен. Им кажав на сопствениците на клубот дека треба да ги донесат него и Габриел Жезус. Мбапе можеа да го купат за пет милиони фунти и тогаш да го вратат во Монако на позајмица, но не го сторија тоа. Една година подоцна чинеше 180 милиони евра“, истакна Гигс.