Манчестер Јунајтед синоќа одигра 1:1 со Вулверхемптон, со што ја прекина малата победничка серија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тогаш кога изгледаше дека Јунајтед ќе се врати на самиот врв, веднаш се случи киксот против Вулверхемптон. Навистина овој тим донесе многу засилувања и е посилен отколку што изгледа, но секој очекуваше дека Јунајтед ќе запише победа на „Олд Трафорд“.
Изгледаше добро кога Фред во првите 20. минути постигна гол за 1:0, но Мутињо во продолжението сепак ги разочара Мурињо и „Црвените ѓаволи“. А го разочарале и некои негови играчи, кои ги смета за виновници што не запишале победа.
„Очекував повеќе од моите напаѓачи. Немаше доволно креативност, движење или динамика. Се на се, повеќе од ова и не заслуживме. Вулверхемптон беше помотивиран и поагресивен“, изјави Португалецот.