Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар голман во француската Лига 1 за изминатата сезона.




Меѓутоа многумина сметаат дека оваа награда не заврши во вистинските раце и аргументите да сметаат така се силни. Италијанецот оваа сезона бранеше на 17 од можни 38 натпревари во шампионатот на Франција, значи помалку од 50% од натпреварите.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Исто така на натпреварите на кои бранеше само пет пати успеал да ја зачува својата мрежа недопрена. Интересно што Бенитез од Ница и Мец Селс од Стразбур имаа по 14 и 13 натпревари на кои не примија гол и далеку повеќе одбрани од Донарума.




„Точно е дека не бранев на повеќе од половина натпревари, но кога бев на голот добро си ја завршив работата. Среќен сум поради наградата“, истакна Донарума при добивањето на наградата.
It's a huge honour to receive this award. Thanks for everyone who voted for me! 🏆🧤#tropheesunfp pic.twitter.com/B7o2N8O4Ni
— Gianluigi Donnarumma (@gigiodonna1) May 15, 2022