Дома Фудбал Англија Казната за играчите на Јунајтед после Брентфорд даде голем резултат вчера против Ливерпул

Казната за играчите на Јунајтед после Брентфорд даде голем резултат вчера против Ливерпул

Maнчестер Јунајтед вчера во големото дерби против Ливерпул на свој терен победи со 2:1.

„Црвените ѓаволи“ успеаа да дојдат до важна победа и тоа против најголемиот ривал и така им приредија одлична претстава на своите фанови после двата порази против Брајтон и Брентфорд.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Посебно лошо беше изданието на Јунајтед против Брентфорд кога беа поразени со 4:0. По тој пораз тренерот Ерик Тен Хаг имаше казна за фудбалерите, најмногу му пречеше што играчите на Брентфорд истрчале дури 14 километри повеќе од играчите на Јунајтед.

Веднаш следниот ден фудбалерите на Јунајтед на тренингот имале задача да ги истрчаат тие 14 километри како казна. Резултатот од таа казна можеше да се види веќе во вчерашниот дуел против Ливерпул.

Сега фудбалерите на „црвените ѓаволи“ имаа дури 19 километри истрчано повеќе од играчите на Ливерпул што е навистина неверојатен податок. Домаќините вкупно истрчаа 113.8 километри, а гостите 95.6 киулометри. Кога се кратките спринтови во прашање Јунајтед имал 106, Ливерпул само 62.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…