Дома Останати Кабиб се премислил: Ако Конор сака реванш Москва го чека!

Кабиб се премислил: Ако Конор сака реванш Москва го чека!

Кабиб Нурмагомедов често пати во јавноста зборуваше дека нема намера да му даде шанса на Конор Мекгрегор за реванш.

Дагестанецот издоминира и го победи Конор на УФЦ 229 евентот во окотмври минатата година. После нивната борба настана вистински хаос, Кабиб скокна од кафезот и тргна да се пресметува со Данил Данис од тимот на Конор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После казната Кабиб се врати во септември и ја одбрани титулата во лесна категори во борбата против Дастин Пориер, за потоа да почне да се зборува за неговите наредни ривали.

Тони Фергусон е главен кандидат за борбата која би требало да се одржи во 2020 година во Русија, но таткото на шампионот Абдуламанап Нурмагомедов јасно истакна дека го чекаат Конор во Русија ако сака реванш.

„Ако Мекгрегор сака реванш тогаш Москва го чека него. Еднаш изјави дека таму има повеќе навивачи од Кабиб. Сакаме да го пречекаме во Москва, добредојден е – чекаме“, изјави Абдуламанап.

Кабиб пред неколку месеци зборуваше спротивно од својот татко.

„Во последните три години имаше аматерски меч во бокс и една победа. Со што заслужил реванш? Ме молеше да го пуштам, а сега сака реванш“, истакна Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Пол и Тајсон заработија суспензии по борбата!

Џејк Пол и Мајк Тајсон официјално беа суспендирани од боксот по нивната голема борба на Не…