Денес во фокусот ќе бидат натпреварите во четвртфиналето во Лига Европа, а најголемо внимание секако привлекува италијанското дерби помеѓу Милан и Рома.
Ждребот ги спои двата италијански тима во четвртфиналето. Рома сака да ја повтори минатата сезона и да стигне до финалето, додека Милан сонува за единствениот трофеј кој им недостасува.
Милан го сонува трофејот во Лига Европа
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан оваа сезона немаше среќа во Лигата на шампиони и беше во „групата на смртта“ заедно со ПСЖ, Борусија Дортмунд и Њукасл. Иако „росонерите“ имаа големи амбиции во ова натпреварување, сепак не успеаа да се пласираат во следната фаза и завршија на третото место, па продолжија во Лига Европа. Сега целта е да се стигне до финалето на ова натпреварување, а со оглед на фактот дека во Серија А се далеку од Скудетото, ова е единствена шанса за трофеј. Сепак, тоа нема да биде лесно бидејќи оваа година во Лига Европа има многу квалитетни екипи, а Милан претходно ги елиминираше Рен и Славија Прага. Ова е вистински тест за „росонерите“ бидејќи има силен противник со кого одлично се познава.Тимот на Пиоли моментално се наоѓа во одлична форма и во серија на победи, па сигурно ќе сака да обезбеди предност пред своите навивачи. Ова е единствен трофеј кој недостасува во ветриите на миланскиот гигант, па целта секако ќе биде триумф во Лигата Европа.
Де Роси ја „препороди“ Рома
Рома многу лошо ја отвори сезоната и после првите неколку кола беше јасно дека „волчицата“ нема да се замеша во трката за Скудетото. Цената за слабите резултати ја плати Жозе Мурињо, кој доби отказ па на негово место седна легендата Де Роси. Тоа донесе позитивни промени и Рома заигра многу подобро и помотивирано со новиот тренер. Во Лига Европа заврши на второто место во групата па поради тоа играше плеј-оф со Феенорд. Во осминафиналето „волчицата“ беше супериорна протв Брајтон и најави дека и оваа сезона е спремна за големи нешта во ова натпреварување. Рома се наоѓа во исклучителна форма, има само еден пораз на последните 12 меча, па овој меч доаѓа во одличен момент за Лукаку и дружината. Рома оваа сезона два пати беше поразена од Милан, па тоа ќе биде мотив повеќе, а целта е да останат непоразени на „Сан Сиро“ и билетот за полуфинале да го бараат на „Олимпико“.
Очекување
Двата тима се во одлична форма, а тоа е предуслов за возбудлив натпревар. Сепак, Милан е во мала предност поради домашниот терен па веруваме дека ќе обезбеди предност во првиот меч.