Дома Топ вести Италијанско дерби за ѕвезда од Бундеслигата

Италијанско дерби за ѕвезда од Бундеслигата

Јувентус и Милан се силно заинтересирани за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.

22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, а оваа година се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување, па готово сигурно ќе замине како слободен агент.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат италијанските гиганти и веќе ја почнаа битката за неговиот потпис.

Неговиот агент во наредните денови треба да пристигне во Италија и ќе има средба со раководството на Милан и Јувентус за да ги слушне понудите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…