Дома Топ вести Интер спреми последна понуда за Канте, нуди две ѕвезди

Интер спреми последна понуда за Канте, нуди две ѕвезди

Антонио Конте е во потрага по засилување за Интер за наредната сезона, а најголема желба е Нголо Канте од Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте според информациите е воодушевен од квалитетите на Французинот кој одлично го познава затоа што двајцата соработуваа на „Стенфорд Бриџ“.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер веќе испратил прва понуда за Французинот, која била експресно одбиена од страна на Челзи.

„Нероаѕурите“ не се откажуваат и спремаат нова понуда, што ќе биде последен обид да го донесат Канте во овој преоден рок.

Имено, Интер е спремен да ги понуди Скриниар и Брозовиќ, а за возврат да го добие потписот на Французинот. Пазарната вредност на двајцата фудбалери на Интер изнесува 80 милиони евра, па сега се чека одговор од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…